Чурлинов: Подготвени сме за Израел и за нови три бода

Дарко Чурлинов со еден гол учествуваше во убедливата победа на Шалке/ фото: ФФМ

Фудбалерот на германскиот Штутгарт и член на младата репрезентација на Македонија, Дарко Чурлинов, вели дека селекцијата е подготвена за утрешниот натпреварот против Израел во квалификациите за ЕП.

Чурлинов имаше одличен настап на последниот натпревар за младата репрезентација во победата од 1:4 над Казахстан со која се зацврстивме на второто место на табелата,а евентуалната победа над Израел во утрешниот натпревар речиси ќе не донесе чекор поблиску до целта, пласман на ЕП.

Подготовени сме за Израел, подготвени сме сите да дадеме сто отсто, па и повеќе од сто отсто, подготвени сме за три бода, ќе дадеме се од себе, ќе се придружуваме на инструкциите на селекторот и тоа е најважно за нас. На нас е да ги одиграме сите мечеви до крај, да освоиме колку што може повеќе бодови, а на Господ е, што се вика, дали ќе се пласираме на Европско или не – изјави Чурлинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот