Чулев: Во моментов се контролираат 618 лица со решенија за изолација и 7.307 лица со изјави за самоизолација

-Мојот впечаток е дека забраната за движење од 21 до 06 часот генерално се почитува и тоа е впечаток на сите колеги од кординативното тело, изјави Наќе Чулев на денешната прес-конференција.

На пресот тој информираше за лица кои не ја почитувале забраната за неограничено движење за време на полицискиот час и за контрола на лицата во самоизолација.

-Во таа насока сакам да ја информирам јавноста дека полициските службеници изминатата ноќ од слобода лишија 18 лица, 5 од Тетово, 2 од Гостивар, кои и покрај опомената не постапија по укажувањето туку се однеувале агресивно. Во Куманово се лишени од слобода 2 лица, кај кои е најдено и оружје, во Радовиш 2, едно во Штип, 6 во Кочани, Виница еден случај ан прекршување, но лицето се одалечило. На територија на цела држава опоменати се 74 лица, најчесто кои биле во нивните моторни возила и веднаш постапиле по насоките на полициските службеници.

При спроведување на редовните активности, полицијата дополнителна поднела 2 кривични пријави во Куманово за тргување со оружје. Во моментов, се контролиаат 618 лица со решенија за изолација и 7.307 лица со изјави за самоизолација. Вкупно има поднесено 74 кривични пријави на теритоија на цела држава. Извршени се 322 контроли на лица со решенија за изолација и 3.606 контроли со лица со изјави за самоизолација, од кое едно не го почитувало решението за изолација, а 22 лица не ги почитувале решенијата за самоизоалација. Тие ќе добијат соодветни кривични пријави, рече Чулев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот