Чулев: МВР спречи 14 обиди за напуштање на заштитениот регион Дебар и Центар Жупа

Фото: Слободен печат/Драган Митроски

Полицијата силно апелира до граѓаните да се воздржан од патување надвор од државата и да се собираат во поголеми групи во работните денови, изјави денеска министерот за внатрешни работи.

МВР презема широк спектар на мерки за заштита на здравјето на граѓаните.  Формирано е Координативно тело со претставници од МВР каде се разгледуваат и се прават сите инструкции за припадниците на МВР. Полицијата силно апелира до граѓаните да се воздржат од патување надвор од државата и да се собираат во поголеми групи во работните денови. Отворена е бесплатна телефонска линија за сите граѓани во врска со спречување на коронавирусот. Бројот е 080000201 и оваа телефонска линија е отворена 24 часа, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој рече дека граничните полицајците постојано се во комуникација со локална самопуправа, со припадниците на Министерството за одбрана и со армиските службеници.

– МВР на армиските припадници им отстапи возила, а асистиравме во спровод на 36 граѓани до границата со Косово. Исто така асистиравме и во спровод на два конвоја, едниот до Албанија, а вториот до Косово. Имаме најава за влез на 200 лица кои биле заглавени на различни гранични премини. Во постојана координација сме со надлежните органи и со нив ќе се постапи според насоките дадени од Министерството за здравство. Скопската полиција обезбедува 173 лица кои се во домашна изолација, а затворени се седум угостителски објекти и е дадена забрана за вршење на дејност. Во Битола 13 лица кои се во домашен карантин се обезбедуваат, во Тетово  има16 лица, а имало едно прекршување на таа мерката. Во Охрид се обезбедуваат 82 лица, а контролираните се 173 објекти. Во Струмица 12 лица се обезбедуваат и е утврдено дека едно лице ја прекршило  забраната и против него е поднесена пријава. Во Куманово се обезбедуваат шест лица, а во овој град се контролирани се 40 објекти. Полицијата и понатаму ќе постапува согласно препораките дадени од Владата на Македонија. Одделот за специјални намени спречил 14 обиди за напуштање на заштитениот регион Дебар и Центар Жупа. Во овие две населени места има околу 130 припадници на МВР, а има и 65 припадници на АРМ го обезбедуваат Зелениот појас – изјави Чулев.

Тој додаде дека затворени се сите гранични премини, а дозволени се само транзитни премини и влез за возила на дипломатскиот кор.

– Скопскиот аеродром ќе биде затворен утре, а МВР ќе ги стави на располагање своите возила од граничната полиција за потребите на АРМ. На дневна основа ќе ја известуваме Владата за сите мерки што сме ги презеле во изминатите 24 часа. Од утре сите Управни служби на МВР ќе работат со скратено работно време. Од вчера до 7 часот утринава во земјава влегле 2.019 лица, а 1.331 лица ја напуштиле земјава. Седум државјани кој беа задржани на крузер се донесени во земјава, а четворица се задржани на Инфективната клиника во Скопје – извести министерот Чулев.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот