
Човечки коски завиткани во црна кеса – морничаво утро за двајца градежници од Донкастер
Човечки коски завиткани во пластична кеса биле пронајдени на само три метри од гробиштата кај црквата „Свети Вилфред“ во Донкастер, откако двајца градежници налетале на морничава сцена додека изведувале градежни работи, објави „Дејли мејл“.
Препорачано
Работниците, кои со багер расчистувале обраснат простор за поставување дрвена ограда, наишле на црна кеса со човечки остатоци. Тие веднаш ја известиле својата фирма, која потоа ја контактирала полицијата.
Полицијата од Саут Јоркшир добила пријава за наодот околу 9:50 часот на 6 октомври и веднаш излегла на терен кај улицата Church Lane. По обемна истрага било утврдено дека станува збор за коски стари неколку децении.
Иако случајот не се смета за сомнителен, полицијата продолжува да ги испитува околностите под кои коските се нашле во пластичната кеса крај гробиштата.
„Ги истражуваме околностите кои довеле до тоа овие коски да бидат пронајдени од изведувачите што работеле во областа. Свесни сме дека овие остатоци припаѓаат на нечии сакани и ја уверуваме локалната заедница дека нашата истрага се спроведува со сета потребна чувствителност“, изјави детективот главен инспектор Сајмон Картрајт.
Тој додаде дека според првичната форензичка анализа нема индиции за насилство или други сомнителни околности, и најави дека по завршување на истрагата полицијата ќе соработува со црквата за достоинствено погребување на останките.
Фотографиите од коските погледнете ги ТУКА.