Членовите на мафијашкиот клан „Америка“ убивале за безбедносните служби на Србија и Црна Гора

Фото: Курир

Членовите на криминалната група „Америка“ во текот на деведесеттите години работеле за службите на Државната безбедност на Србија и Црна Гора, за која ги вршеле „валканите“ работи, за кои оваа служба не сакала да ангажира свои членови, вели за српски Курир, поранешниот оперативец на оваа служба Божидар Спасиќ.

За потсетување, во саботата во Белград беше уапсен лидерот на оваа криминална група, Веселин Раичевиќ Меда.

Божидар Спасиќ за овој српски медиум вели дека мафијашката огранизација „Америка“, која се доведува во врска со 20 нерешени убиства во текот на деведесеттите години, помеѓу кои се ликвидациите на неколку полициски генерали, како и бројни криминалци, не била посилна од она што некогаш бил „Земунскиот клан“.

Тој тврди дека токму тие работеле за Државните безбедносни служби на Србија и Црна Гора, меѓутоа сепак не биле семоќни.

„Не беа толку семоќни, не можеа да ги изведат сите тие убиства како група или поединец, а да не бидат уапсени. Толку убиства, а никој да не е фатен, едноставно не е возможно.  Целото тоа немаше да биде возможно ако не работеа директн оза безбедносните служби “, заклучува Спасиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот