Членовите на АББА станаа првите шведски витези по 50 години

Шведската група „АББА“ на Изборот на песна за Евровизија / 9 февруари 1974 / Фото: LINDEBORG / AFP / Profimedia

Кралот на Шведска им додели на поп легендите еден од најпрестижните витешки ордени, за првпат по половина век.

Бени Андерсон, Бјорн Улвеус, Агнета Фалцки и Ани-Фрид Ројс, членови на легендарната шведска поп група АББА, отсега ќе ги носат ордените на престижниот кралски витешки ред на Васа.

Шведскиот крал Карл XVI Густав на легендите на светската музичка сцена им го додели ова признание за нивниот исклучителен придонес во шведската и меѓународната музика, кое ќе им биде врачено во кралската палата на 31 мај.

Ова е првпат кралот да додели витешки титули, откако стапи на тронот пред 50 години. Претходно и парламентот и владата ја одобрија иницијативата на овој начин уште еднаш повторно да се оддаде признание на заслужните граѓани на Шведска, а кралскиот орден на Васа е еден од четирите редови што постојат во земјата.

Фото: Профимедиа

Легендарната група, која официјално постоеше од 1972 до 1982 година, а потоа повторно се обедини од 2016 до 2022 година, продаде повеќе од 380 милиони албуми и синглови во текот на својата кариера и е меѓу неколкуте најпродавани музички изведувачи во историјата.

Освен што ја шири славата на својата земја низ светот, поради што во Стокхолм постои и музеј посветен на неа, АББА има и посебни врски со кралското семејство. На свадбата на кралот Карл Густав и кралицата Силвија во 1976 година, тие го отпеаја својот познат број „Dancing Queen“.

Следниот месец ќе навршат педесет години од победата на АББА на Евровизија со „Waterloo“, која беше избрана за најдобра евровизиска песна на сите времиња во 2005 година.

По 40 години повторно заедно: Членовите на групата „АББА“ се појавија пред фановите

По повод 50-годишнината: „ABBA“ повторно ќе го издадат еден од нивните најпознати албуми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот