Чинот на создавањето сфатен како секогаш ново соочување со светот и надминување на стварноста

Покана за отворањето на изложбата

Самостојна изложба на уметникот Душан Георгиевски на 15 ноември, во 19.30 часот, ќе биде отворена во галеријата на „Порта Македонија“. Осврт кон делата од изложбата напиша историчарот на уметност, Емил Алексиев.

– Делата на Душан Георгиевски се ослободени од принудата на одреден филозофски дискурс или стилски налог. Исчекорувајки вон утврдените ликовни патеки, скршнуваат од патот привлечени од некои поинакви хоризонти.

Уметноста за Душан Георгиевски е жестока битка која се води на бојното поле на сликата. Последица на овој судир меѓу окото и светот, внатрешното и надворешното, субјективното и објективното, индивидуалното и колективното, се пламените бои на Душан Георгиевски. Тоа што е пресудно за Георгиевски е самиот творечки процес, каде трајна и онтолошки значајна е самата трансцеденција – чинот на создавањето сфатен како секогаш ново соочување со светот и надминување на стварноста.

Во неговите слики се вткаени црните и црвените нишки од македонскиот вез и килими, златото од носиите и бесценетите камења од накитот. Древни огнови горат во неговите слики. Огнови крај кои ноќе се раскажуваат приказни од почетокот на времето и околу кои се игра со животински маски на лицата танцот на повторното создавање на светот – напиша Емил Алексиев.

Душан Георгиевски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 1994 година, а првата самостојна изложба ја поставил во Музеј на Град Скопје во мај 1995 година. Досега имал 33 групни и повеќе самостојни изложби во Скопје, а неговото троештво било претставено и во Кувајт и во Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот