Четвртина век од смртта на Курт Кобејн

Фронтменот на популарниот гранџ-бенд Нирвана на денешен ден во 1994 година изврши самоубиство, во својот дом во Сиетл.

Тој, заедно со Нирвана, го популаризираа музичкиот жанр кој денеска е познат како гранџ и е комбинација на панк, хеви-метал и алтернативна музика.

Според магазинот „Ролинг стоун“, Нирвана е на 27-то место од највлијателните музички имиња на сите времиња, додека пак Кобејн е на 12-то место на листата на најдобри гитаристи.

Кобејн се борел со депресија и зависност од наркотични средства. Тој го изврши самоубиството на своја 27-годишна возраст. Во тоа време, неговата ќерка Френсис Бин имала само 20 месеци.

View this post on Instagram

25 години од смртта на Курт Кобејн, текстописец и фронтмен на бендот Нирвана, музичар кој многу брзо стана глобална сензација по издавањето на еден од највлијателните рок-албуми на сите времиња – “Nevermind” („Не е битно”)… ⁣ ⁣ На 8 април 1994, 38 часа по извршеното самоубиство, електричарот кој требало да поправа во куќата на Кобејн го пронаоѓа неговото безживото тело, пиштол и проштално писмо. ⁣ ⁣ Околностите за смртта, животниот стил, проблематичната љубов и наравот на Кобејн сè уште се тема на разговор. Но, музиката на Нирвана (која повторно е во подем кај миленијалците) никогаш нема да се смени и тоа што го остави Курт зад себе, ќе живее уште долго. ⁣ ⁣ Почивај во мир Курт! ?⁣ ⁣ ___________________________________________⁣___ ⁣#kurtcobain #otd #5april #nirvana #band #inmemoriam #artist #music #musician #musiciansofinstagram #rip

A post shared by СП. (@slobodenpecat) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот