Четворица припадници на ИД осудени на смрт во Ирак

Напад на Исламска држава во главниот град на Уганда/ Фото: МИА

Четворица припадници на Исламска држава се осудени на смрт со бесење во Ирак поради припадност на организацијата и сторени терористички дела во Ирак и Сирија, соопшти ирачкиот суд.

Во соопштението се додава тие биле предадени на ирачките власти од Сириските демократски сили.

Судот во Багдад ги осуди поради членство во Исламска држава и „криминални операции чија цел биле цивили, со намера да го нарушат мирот и стабилноста во Ирак и Сирија”.

Сите четворица, како што соопшти судот, се Ирачани.

Во февруари ирачките власти објавија дека Сириските демократски сили им предале 280 Ирачани и странски затвореници кои се бореле на страната на ИД во Ирак и Сирија од 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот