Четири деца се пронајдени живи во амазонските шуми, 17 дена по авионската несреќа

Фото: Твитер

Четири деца од Колумбија се пронајдени живи во шумите на Амазон, откако пред околу две недели се урна авионот и загинаа три возрасни лица – родителите на децата и пилотот.

Децата на возраст од 13, девет и четири години и единаесетмесечно бебе 17 дена преживеале на овошје и градење импровизирани засолништа, а биле пронајдени од специјално тренирано куче.

Веста ја соопшти претседателот на Колумбија Густаво Петро на својот Твитер профил.

„По напорна потрага пронајдовме живи четири деца кои беа исчезнати по авионската несреќа во Гуавијаре. Ова е голема радост за целата земја“, изјави Петро.

Властите на цивилното воздухопловство, кои ги координираа напорите за спасување, веруваат дека децата избегале од авионот по падот и се упатиле во прашумата за да најдат помош. Претходно, тимовите кои вклучуваа кучиња трагачи пронајдоа фрлено овошје што децата го јаделе за да преживеат, како и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунгла.

Властите се уште не откриваат што ја предизвикало падот на авионот, иако пилотот пријавил проблеми со моторот пред авионот да исчезне од радарот.

Претходно оваа недела војниците ги пронајдоа телата на пилотот и двајца возрасни во авионот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот