
Челси издоминира во изборот на најдобрите на Светското клупско првенство
Кол Палмер беше ѕвезда на вечерта со два гола и една асистенција во финалето против ПСЖ, англискиот репрезентативец заслужено ја понесе титулата за најдобар играч на првото издание на новоформатираното Светско клупско првенство.
Препорачано
Челси доминираше во големото финале во Њујорк и славеше со убедливи 3-0, при што Палмер имаше директен удел во сите три гола, два ги постигна сам, а за третиот му асистираше на Жоао Педро. Својата извонредна форма на турнирот ја круниса со МВП-наградата која лично му ја врачи претседателот на САД, Доналд Трамп, веднаш по натпреварот.
Лондонскиот гигант имаше импресивен настап на турнирот, шест победи од вкупно седум меча, а единствениот пораз го претрпе во групната фаза од Фламенго.
Во индивидуалните признанија, Палмер не беше единствениот фудбалер на Челси кој блескаше. Роберт Санчез беше прогласен за најдобар голман на шампионатот, додека младата надеж Дезире Дуе беше издвоена како најдобар млад играч.
На листата на најдобри стрелци, Гонзало Гарсија од Реал Мадрид се најде на врвот со четири погодоци и две асистенции. Истиот број на голови постигнаа и Анхел Ди Марија, Серау Гираси и Маркос Леонардо, но Гарсија беше најконзистентен низ целото натпреварување.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8час
-
8час
-
9час
-
10час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5