Челси и Ливерпул денеска на „Вембли“ за трофејот во Лига купот

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Денеска од 16.00 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон ќе се игра финалето во англискиот Лига куп, а за пехарот ќе се борат фудбалерите на Челси и Ливерпул.

Колку е важен овој натпревар говорат два факти. Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино никогаш не стигнал до трофеј во Англија и има одлична можност да го направи тоа, а од друга страна, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп сака да го одржи сонот за кревање четири пехари во својата последна сезона.

Менаџерот на лондонските „сини“, Покетино ги сподели очекувањата пред мечот:

– Мислам дека последните недели покажаа дека сме во нагорен период. Нашите резултати инспирираат доверба, но знаеме дека претстои голема битка. За мене Ливерпул е фаворит, ако не се тие, не сме ни ние. Тие исто така играа многу финалиња во последните осум години. За многу мои играчи ова е прво финале во кариерата и затоа мислам дека Ливерпул е фаворит. Сепак, да сум на местото на Клоп, би рекол дека шансите се 50-50 – вели Покетино.

Во ова натпреварување најмногу трофеи има Ливерпул, вкупно девет, додека Челси има пет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот