Челси доби корпа од Кавани, ќе плукне 50 милиони за Французин

твитер

Менаџерот на Челси проблемот во нападот ќе го решава во Франција.

Англискиот премиерлигаш Челси се наоѓа во резултатска криза и во последниот натпревар „сините“ ремизираа против Арсенал (2:2) иако на два пати водеа.

Менаџерот Френк Лампард е свесен дека младиот Тами Абрахам не може сам да го понесе товарот во нападот на Челси бидејќи Мичу Батшуаи засега не доби вистинска шанса, додека Оливие Жиру со мислите е надвор од „Стемфорд бриџ“.

Лампард сакаше да го ангажира Единсон Кавани од ПСЖ, но Уругваецот е одлучен идна дестинација да му биде Атлетико Мадрид каде тренер е Диего Симеоне.

Според медиумите од островот, Лампард идеалниот партнер на Абрахам во нападот го гледа во Лион и напаѓачот Муса Дембеле.

Медиумите објавија дека веќе се почнати преговорите и се очекува Челси да плати околу 50 милиони евра, но претседателот на Олимпик Лион, Жан Мишел Ола, сака трансферот да се реализира на лето.

Ола не сака да го загуби Дембеле во текот на сезоната бодејќи неговиот тим игра против Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите, а во францускиот шампионат го очекува борба за првите три места на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот