Чеферин: Нема причина да го исфрлиме Челси од Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/Richard Juilliart

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин изјави дека се надева оти британската влада ќе ја ревидира својата одлука за ограничувањата на фудбалскиот клуб Челси поради замрзнувањето на имотот на Роман Абрамович и дека клубот ќе може да продолжи да се натпреварува во Лигата на шампионите.

Британската влада одлучи да го замрзне имотот на Роман Абрамович, руски олигарх и сопственик на лондонскиот фудбалски клуб, што ќе им овозможи на навивачите на Челси да гледаат само натпревари за кои веќе купиле билети, додека нови билети не може да се продаваат.

Во интервју за словенечката телевизија „ПОП-ТВ“, Чеферин изјави дека разговарал со претседателот на Челси, кој му рекол дека ова е прва одлука, но дека тој веќе е во преговори со владата и очекува таа да се промени и клубот да почне да функционира нормално.

Што се однесува до настапот во Лигата на шампионите, според зборовите на претседателот на УЕФА, „нема апсолутно никаква причина“ Челси да не се натпреварува, или да биде исклучен од натпреварувањето.

На прашањето дали се плаши од критиките дека УЕФА соработува со руските олигарси, бидејќи британскиот премиер рече дека не може да има безбедно место за оние кои го поддржуваат нападот на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина, Чеферин рече дека одлуките на УЕФА по кризата се навремени и правилни.

Чеферин е во изборна година и се кандидира за нов мандат, а ги отфрли шпекулациите дека ќе му треба поддршка од Руската Федерација, што ќе влијае на неговите позиции.

Уште еден спонзор го напушти Челси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот