Чеферин ги опомена Реал Мадрид, Барса и Јувентус

Александар Чеферин, првиот човек на европскиот фудбал/Фото: EPA-EFE/Paul Murphy

Иако во финалето на најелитното натпреварување (ЛШ), „кралскиот клуб“ би можел да се соочи со сериозни последици.

Можноста за основање на фудбалската „Суперлига“ предизвика вистински „земјотрес“ минатата година, кога идејата почна да се реализира. Но, под закана на УЕФА, речиси сите клубови се откажаа од тој план, но најупорните не се откажуваат од идејата.

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус и натаму иницираат да се реализира проектот за Суперлига, иако вообичаено се натпреваруваат во европските натпреварувања под покровителство на УЕФА. Првиот човек на Европската фудбалска куќа, Александар Чеферин вели дека клубовите кои ја поддржуваат Суперлигата може да бидат исклучени од европските натпреварувања.

– Можно е да се казни секој клуб, вклучително и потенцијален освојувач на Лигата на шампионите, а секако можно е да биде исфрлен од натпреварувањето. За ова ќе одлучи Дисциплинската комисија на УЕФА, која е независно тело. Се жалат дека УЕФА заработува милијарди, а 93,5% од приходите се враќаат кај клубовите – се зборовите на Чеферин.

Последната одлука на УЕФА поврзана со нејзините европски натпреварувања е дека сите три натпреварувања од 2024 година ќе имаат 36 екипи во групната фаза наместо досегашните 32. Чеферин ја објасни и главната разлика помеѓу Лигата на шампионите и Супер лигата.

– УЕФА покажа дека е целосно посветена на почитување на основните вредности на спортот и одбрана на клучните принципи на отвореното натпреварување. Овие одлуки се резултат на интензивни разговори со навивачите, играчите, тренерите и претставниците на здружението. Повеќе клубови во Лигата на шампионите не значи дека сме станале Суперлига. Суперлигата секогаш би ги имала истите клубови кои би играле еди против друг – рече првиот човек на УЕФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот