Чамец со мигранти потона во близина на грчкиот остров Лезбос, тројца исчезнати

Брод со мигранти илустрација/ Фото Архива на СП

Брод со мигранти потона во близина на Лезбос; Тројца исчезнати, десет спасени

Десет лица се спасени, а по тројца се уште се трага, откако потона гумен чамец во близина на грчкиот остров Лезбос долж поморската граница со Турција.

Во потрагата се вклучени два патролни чамци на крајбрежната стража, брод на европската гранична агенција Фронтекс, еден хеликоптер и два авиони, како и брод што пловел во близина, се вели во соопштението на грчката крајбрежна стража.

За инцидентот била известена и турската крајбрежна стража.

Грчката крајбрежна стража изјави дека бродот најверојатно потонал во турските територијални води, од каде што едно лице пливало до грчките територијални води каде што властите го подигнале, а потоа спасиле уште девет лица.

Преживеаните им рекле на властите дека имало вкупно 13 луѓе на чамецот кога потонал.

Стотици илјади мигранти и бегалци ја користат Грција како главен влез во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот