ДУИ почна нова кампања за мистериозна личност, слоганот „тој доаѓа“ е најава за првиот премиер Албанец?

„Ахметистите“ немаат време за губење на телевизиски соочувања со „огнените“ за тоа колку сработиле министрите, ниту за онлајн петицијата за смена на првиот вицепремиер Артан Груби и другите од ДУИ, туку лансираа кампања со слоганот: „Да! Тој доаѓа!“, како најават за првиот премиер Албанец. Груби и министерот за финансии Фатмир Бесими нема да ја прифатат …

ДУИ почна нова кампања за мистериозна личност, слоганот „тој доаѓа“ е најава за првиот премиер Албанец? Read More »

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Информативната емисија „Слободен печат“ од 9 часот е во тек

Новинарите на „Слободен печат“ и во новата сезона на информативната емисија „Слободен печат“ редовно ве информираат за најновите случувања во земјата и во светот. Во емисијата дебатираме и анализираме со нашите соговорници за најгорливите теми во македонското општество, а ви нудиме и интересни гости од сферата на спортот, културата, уметноста и забавата. Следете вести, извештаи, …

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Информативната емисија „Слободен печат“ од 9 часот е во тек Read More »

Времето денес дождливо со температури до 20 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде променливо …

Времето денес дождливо со температури до 20 степени Read More »

Денеска се празнува Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски

Роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар, и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го …

Денеска се празнува Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски Read More »

Јован Деспотовски: СДСМ има кадровски потенцијал, ќе создадеме солидна екипа

„Партијата СДСМ има кадровски потенцијал, има луѓе коишто биле дел, се уште се дел, можеби се на маргините, меѓутоа потенцијалот постои“, рече Јован Деспотовски директор на ТИРЗ на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“. Тој додаде дека доколку партијата се држи до одредени принципи, во тој случај ќе се формира солидна екипа. „Ако играме доволно широко …

Јован Деспотовски: СДСМ има кадровски потенцијал, ќе создадеме солидна екипа Read More »

Претседателката по средбата со Гир: Нашата иднина е во ЕУ

Пораки за градење единство за прашања од национален и државен интерес, политички и општествен консензус, реформи, исполнување на критериумите за членство – средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир помина во знакот на македонските евроинтеграции. „Претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата за напредок во процесот кон …

Претседателката по средбата со Гир: Нашата иднина е во ЕУ Read More »

ОЈО со детали за двојното убиство во Стајковци

Јавното обвинителство соопшти детали за семејната трагедија во скопско Стајковци попладнево. По расправија во семејната куќа брат си го убил сопствениот брат, а потоа од живот ја лишил и снаата, сопруга на другиот брат кој бил починат. „Од местото на двојното убиство во скопско Стајковци се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а …

ОЈО со детали за двојното убиство во Стајковци Read More »

Ниту чиста вода, ни плажа, ни елитни хотели: Езерото „Треска“ остана запуштено и заборавено од сите

Езерото „Треска“, едно од најпопуларните и најпосетувани рекреативни места за скопјани особено во летните жешки месеци, речиси три децении е оставено да пропаѓа. Изградено беше во 1978 година со самопридонес од жителите на главниот град, со капацитет за 10 000 капачи, а само 20 години потоа, поради негрижата и неможноста да се најде начин за …

Ниту чиста вода, ни плажа, ни елитни хотели: Езерото „Треска“ остана запуштено и заборавено од сите Read More »

Во Скопје ќе биде отворен прв Центар за поддршка и советување на мажи

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска  во Скопје ќе отвори Центар за поддршка и советување на мажи во Северна Македонија. Ова, како што информираат од ХЕРА, е прв центар од ваков вид во нашата земја, кој ќе нуди бесплатни советувања и поддршка со терапевти за момчиња и мажи, со телефонско закажување за …

Во Скопје ќе биде отворен прв Центар за поддршка и советување на мажи Read More »

Ѓубре, неискосена трева и комарци, загрижува негрижата за Скопје

Годинава доцни сѐ што во овој период од годинава редовно се спроведуваше низ Скопје. Во април не се реализираше првото прскање против ларви од комарци, тревите на јавните површини во поголемиот дел од градот се израснати по половина метар и неискосени, повеќето општини не информираа дали и кога ќе се спроведе пролетната дератизација, а дивите …

Ѓубре, неискосена трева и комарци, загрижува негрижата за Скопје Read More »

Асфалтирана главната улица во економската зона „Карагач“ во Илинден

Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, асфалтирана е улицата 36 во локалната економска зона „Карагач“ во населба Илинден. Како што истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски извршена е целосна реконструкција на коловозот во должина од 680 метри и широчина од 6 метри. …

Асфалтирана главната улица во економската зона „Карагач“ во Илинден Read More »

ВИДЕО | Голем пожар на пристаништето во Медулин, изгореа најмалку триесет јахти

Најмалку 30 јахти изгореа во голем пожар што избувна во пристаништето во Медулин на хрватското крајбрежје, јави хрватската национална телевизија ХРТ, повикувајќи се на информации од полицијата во Истра. Полицијата добила дојава за пожар во пристаништето утрово во 03:55 часот. Досега изгореа 30 пловила, а неколку од нив потонаа. Пожарот се уште беснее, се слушаат …

ВИДЕО | Голем пожар на пристаништето во Медулин, изгореа најмалку триесет јахти Read More »

Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово

Нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на ниво на главни преговарачи ќе се одржи денеска во Брисел, а главна тема ќе биде изнаоѓање решение во врска со одлуката за користење на динарот на Косово. Белградската делегација повторно ќе ја предводи директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, а од Приштина се …

Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово Read More »

Aтина апси: 28 лица од пропалестинските протести завршија во станица

Продолжуваат пропалестинските протести ама и апсењата. 28 лица се уапсени по операцијата за отстранување на демонстрантите кои се противат на израелската војна во Газа во вторникот од Правниот факултет на Универзитетот во Атина, соопшти полицијата, а меѓу нив, девет се странци, пренесува „Катимерини“. Во акцијата беа уапсени десет мажи и 18 жени, меѓу кои еден …

Aтина апси: 28 лица од пропалестинските протести завршија во станица Read More »

Од каде е запленетото оружје во северно Косово?!

Косовските власти соопштија дека конфискувале значителни количини оружје во северниот дел на државата, за кое постои сомневање дека останало таму по нападот на српска вооружена група на 24 септември минатата година во Бањска кај Звечан, јави дописникот на МИА од Приштина. Генералниот директор на косовската полиција, Газменд Хоџа изјави дека полицијата ги обезбедила информациите за …

Од каде е запленетото оружје во северно Косово?! Read More »

Македонците од Србија бараат од Силјановска да ја поништи одлуката за Сребреница

Претседателот на партијата Македонци во Србија, Горан Илијевски, испрати писмо до новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановски Давковa, да се огради од „непромислената“ одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи и со тоа да ја поништи одлука за прогласување геноцид во Сребреница, објавуваат српските медиуми. Пред гласањето за Резолуцијата на 2 мај, Османи …

Македонците од Србија бараат од Силјановска да ја поништи одлуката за Сребреница Read More »

Немири во Нова Каледонија, еден мртов

Во Нумеа, главниот град на француската прекуморска територија Нова Каледонија, денеска има пукање, а во текот на ноќта избувнаа немири на улиците и покрај воведувањето полициски час. Од тројцата повредени кои биле примени на Итната помош, еден починал, дознава БФМ ТВ. Француската влада одобри измени во гласањето на островот во Тихиот Океан, а пратениците во …

Немири во Нова Каледонија, еден мртов Read More »

Седницата на Генералното собрание на ОН за резолуцијата за Сребреница е презакажана за 23 мај

Седницата на Генералното собрание на Обединетите нации на која ќе се разгледува резолуцијата за Сребреница е закажана за 23 мај, објавено е на веб-страницата на Генералното собрание на ОН. По две одложувања, денеска требаше резолуцијата да се најде на дневен ред, но изјаснувањето за тоа прашање е одложено за уште една недела.

Илон Маск повторно сведочи во истрагата на СЕК за преземањето на Твитер

Американскиот федерален суд нареди дека Илон Маск мора повторно да сведочи пред Комисијата за хартии од вредност на САД (СЕК) за неговото преземање на Твитер за 44 милијарди долари. СЕК го тужеше Маск во октомври за да го принуди извршниот директор на производителот на електрични автомобили Тесла и ракетната компанија Сепјс Икс (SpaceX) да сведочи …

Илон Маск повторно сведочи во истрагата на СЕК за преземањето на Твитер Read More »

Летонија ќе партипицира со 10 милиони евра за чешката иницијатива за артилериски гранати за Украина

Летонија ќе придонесе со 10 милиони евра за чешката иницијатива за снабдување на Украина со околу 800 илјади артилериски гранати, јави ДПА, повикувајќи се на одлука на владата. Дополнително, Летонија ќе испорача околу илјада воздушни беспилотни летала во Украина во јуни, рекоа летонскиот премиер Евика Силинија и министерот за одбрана Андрис Спрудс по состанокот на …

Летонија ќе партипицира со 10 милиони евра за чешката иницијатива за артилериски гранати за Украина Read More »

Една милијарда долари американска помош за Израел

Американскиот Стејт департмент го информирал Конгресот за пакет помош оружје за Израел во вредност од милијарда долари, јавија американски медиуми повикувајќи се на анонимни извори. Според нив, пакетот ќе вклучува тенкови, минофрлачи и оклопни тактички возила. Претседавачите и водечките членови на Комитетот за надворешни односи на Сенатот и Комитетот за надворешни односи на Претставничкиот дом …

Една милијарда долари американска помош за Израел Read More »

Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?

Според курсната листа на НБРСМ средниот курс на еврото денеска изнесува 61.4958 денари, а на американскиот долар 56.9617 денари. Средниот курс на британската фунта изнесува 71.5209 денари.

ВИДЕО: Зелката ќе се скисели на нивите, извозот секна, пазарот презаситен

Разочарани земјоделци со трактори газат преку огромни ниви со зелки, некои земјоделци јавно го објавуваат и својот телефон поканувајќи ги заинтересираните семејства да дојдат и да си наберат зелка колку што сакаат, а има и такви што нудат да испратат вреќа од 15 килограми за 350 денари, каде и да е низ Македонија со бесплатна …

ВИДЕО: Зелката ќе се скисели на нивите, извозот секна, пазарот презаситен Read More »

Производителите го намалуваат пакувањето, Германија го прогласи маргаринот „Рама„ за измамник на годината!

Според истражувањето на хрватската европратеничка Билјана Борзан, 94,5 отсто од хрватските граѓани забележале дека производите се намалуваат додека цената останува иста, а 66 отсто сметаат дека квалитетот на услугите за иста цена е значително опаднат, пишува Политика. – Во време на висока инфлација, мултинационалните компании се обидуваат да ја поминат сметката на граѓаните и тоа …

Производителите го намалуваат пакувањето, Германија го прогласи маргаринот „Рама„ за измамник на годината! Read More »

Има безбедносни правила за забавните паркови и во Србија, но нивната примена е доброволна

Безбедноста на возилата и уредите во забавните паркови е прецизно дефинирана преку три стандарди во Србија, почнувајќи од дизајнот и производството, преку одржувањето и користењето, па сè до контролата на барањата. Овие стандарди се идентични со европските. Единствениот проблем е што во ниту една техничка или која било друга регулатива, од закон до подзаконски акти, …

Има безбедносни правила за забавните паркови и во Србија, но нивната примена е доброволна Read More »

Германија повлече од пазарот суви печурки од Србија

Германија ги повлече од пазарот сушените печурки со потекло од Србија. Во овие печурки, како што соопшти РАСФФ, европскиот систем за брзо алармирање и информирање за храната, пронајдени се остатоци од пестицидот хлорпирифос. Остатоци од пестицидот хлорпирифос во суви печурки од порцини од Србија се пронајдени во количина од 0,18 ± 0,09 милиграми на килограм, …

Германија повлече од пазарот суви печурки од Србија Read More »

Отворен конкурс за наградата „Милан Младеновиќ“ 2024

Под слоганот „Пријави ја твојата песна“ отворен е конкурс за наградата „Милан Младеновиќ“ за 2024 година. Конкурсот е отворен до 31 мај 2024 година. Право да се пријават за наградата имаат автори и изведувачи од сите земји на поранешна Југославија, со песна и со текст на еден од јазиците што се зборуваат на територијата на …

Отворен конкурс за наградата „Милан Младеновиќ“ 2024 Read More »

Јуроп хаус ги почна активностите по повод Денот на Европа, со серија настани ширум земјата во текот на мај

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и ќе претставува автентично музичко патување низ историјата на домашната рок и поп-антологија. На концертот, со наслов „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“, старите познати рефрени ќе бидат изведени од актуелните изведувачи „Фанк шуи“, …

Јуроп хаус ги почна активностите по повод Денот на Европа, со серија настани ширум земјата во текот на мај Read More »

Недела на италијанскиот филм од 13-18 мај во „Кинотека“

Во „Кинотека“ од 13 до 18 мај во Скопје ќе се одржи 24. издание на „Неделата на италијанскиот филм“. Веќе добро познатиот фестивал ќе понуди избор од шест филма кои ја претставуваат современата италијанска кинематографска продукција – впрочем сите филмови се издадени во 2023 година и се добитници на бројни престижни национални и меѓународни награди, …

Недела на италијанскиот филм од 13-18 мај во „Кинотека“ Read More »

Албанскиот театар во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски

Албанскиот театар од Скопје на покана од Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија, во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски. -Духот од Горан Стефановски во неговиот текст, неговата модерност и актуелност на вистински начин ја почувствува тиранската публика во театарот АРТурбина, благодарение на маестралната игра …

Албанскиот театар во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски Read More »

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Во Собранието на Северна Македонија попладнево беше доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во интерес на државата во областа на науката. Добитници се професор доктор Роберт Хадсон и професор доктор Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“, како и доктор Ана …

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката Read More »