Фудбалерите во Англија ќе отворат судска постапка поради зголемиот број натпревари

Синдикатот на фудбалери во Англија најави дека ќе преземе правни мерки поради зголемувањето на бројот на натпревари во календарската година. Претходно беше објавено дека Светското купско првенство во 2025 година ќе трае еден месец поради учеството на 32 клуба, па така некои играчи во една година би одиграле и повеќе од 80 натпревари. Првиот човек …

Фудбалерите во Англија ќе отворат судска постапка поради зголемиот број натпревари Read More »

ВИДЕО: Барса со три гола во мрежата на Димитриевски

Во неделата во рамките од 37 коло фудбалерите на Барселона на домашен терен со 3:0 го совладаа Рајо Ваљекано во „Ла Лига“. Предност за каталонскиот гигант донесе Левандовски во третата минута по асистенцијата на Јамал. Во текот на второто полувреме Педри два пати стрелаше во 72 и 75 минута, асистент на вториот погодок беше Араухо. …

ВИДЕО: Барса со три гола во мрежата на Димитриевски Read More »

ВИДЕО: Интер ја прослави титулата во Серија А со реми против Лацио

Без победник заврши еден од дерби натпреварот на претпоследното коло во Серија А, во кое се сретнаа Интер и Лацио. Двете екипи ги поделија бодовите во 37 коло од италијанскиот фудбалски шампионат, откако мечот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано заврши со резултат 1:1 (0:1). Мрежата на домашниот тим и новиот шампион на Италија беше …

ВИДЕО: Интер ја прослави титулата во Серија А со реми против Лацио Read More »

ВИДЕО: Манчестер сити испиша историја, четврта последователна титула во Премиер лигата

Фудбалерите на Манчестер сити го победија Вест хем со резултат 3:2 во последното коло од Премиер лигата. Стрелци за „граѓаните“ беа Фил Фоден во втората и 18 минута и Родри во 59. Стрелци за „чеканите“ во 42 минута беше Мохамед Кудус. Со оваа победа играчите на Пеп Гвардиола освоија нова титула во Премиер лигата и …

ВИДЕО: Манчестер сити испиша историја, четврта последователна титула во Премиер лигата Read More »

„Златната копачка“ на Дарко Панчев во музејот на Црвена звезда

Европскиот шампион и легендарен напаѓач на Црвена звезда – Дарко Панчев ѝ ја подари „Златната копачка“ на Црвена звезда за клубот да направи реплика, која во иднина ќе се наоѓа во Музејот на стадионот „Рајко Митиќ“. Македонската фудбалска легенда го заслужи престижното признание кое им се доделува на најдобрите стрелци во Европа во историската сезона …

„Златната копачка“ на Дарко Панчев во музејот на Црвена звезда Read More »

Гвардиола пред мечот за титулата: Ќе бидам менаџер на Сити и наредната сезона

Навивачите на Манчестер сити не мора да се грижат, Пеп Гвардиола останува менаџер на актуелниот шампион на Англија и следната година. Шпанскиот фудбалски стратег дојде во Англија во 2016 година, а потоа клубот потпиша тригодишен договор со клубот од „Етихад“. За осум години, колку што помина на клупата, тој до сега има освоено пет титули …

Гвардиола пред мечот за титулата: Ќе бидам менаџер на Сити и наредната сезона Read More »

Снимка што Партизан ја објави од арената: Недостасуваат 64 секунди пред соблекувалната на „црно-белите“

Третиот натпревар од српското финале меѓу кошаркарите на Партизан и Црвена звезда во белградската Арена во рамките на финалето на АБА лигата доби вовед во форма на физички судир меѓу Стефан Лазаревиќ и Џејмс Нанели, а според информациите играчот на Црвена звезда Лазаревиќ се здобил со повреди на лицето. Во меѓувреме се појавија видеа на …

Снимка што Партизан ја објави од арената: Недостасуваат 64 секунди пред соблекувалната на „црно-белите“ Read More »

ВИДЕО: Скандал пред третиот меч – тепачка меѓу кошаркари на Партизан и Црвена звезда

Денеска од 20.30 часот ќе се игра третиот натпревар од финалната серија во АБА лигата меѓу Партизан и Црвена звезда. Црвена звезда ја има првата „меч топка“ за титулата во регионалното натпреварување, а Партизан ќе се обиде со првиот триумф да ги одржи надежите за пехарот. Непосредно пред третиот дуел се случи скандал, имено дојде …

ВИДЕО: Скандал пред третиот меч – тепачка меѓу кошаркари на Партизан и Црвена звезда Read More »

ВИДЕО: Одличниот Лука Дончиќ го предводеше Далас до финалето на Западната конференција

Кошаркарите на Далас се пласираа во финалето на Западната конференција по втор пат во последните три НБА сезони, откако синоќа во шестиот натпревар славеа на гостувањето кај Оклахома со 117:116 и победија во серијата со 4-2 во серијата. Во конференциското финале ќе играат против победникот од мечот меѓу Денвер нагетс и Минесота тимбервулфс, кои се …

ВИДЕО: Одличниот Лука Дончиќ го предводеше Далас до финалето на Западната конференција Read More »

ВИДЕО | На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица

По денешниот натпревар помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје дошло до инцидент во кој бил каменуван автобусот на „Чкембарите“ на излезот од Скопје. Од КК Пелистер излегоа со соопшетени во кое го осудуваат инцидентот и информираат дека имало повредени. Немилиот настан се случил некаде околу 22 часот на враќањето на навивачката група „Чкембари“ кон Битола. Соопштението …

ВИДЕО | На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица Read More »

ВИДЕО | Индијана славеше против Њујорк и се избори за „мајсторка“

Eкипата на Бостон ќе почека уште малку за да го добие својот ривал во финалето на Источната конференција откако минатата ноќ Индијана на домашен терен славеше со 116:103 (3:3). Се до крајот на првото полувреме беше незвесно и ниту еден тим не успеа да создаде поголема предност. Индијана прва ја искористи малата криза во редовите …

ВИДЕО | Индијана славеше против Њујорк и се избори за „мајсторка“ Read More »

Ракометарите на Алкалоид до прва историска куп титула

Во финалето од ракометниот Куп на Македонија во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје екипата на Алкалоид триумфираше над Еурофарм Пелистер. Ова е прва куп титула во клупската историја на Алкалоид кој иако ја немаше фаворитската улога пред стартот на завршниот турнир, на крајот ги урна главните фаворити, најпрвин Вардар во полуфиналето, а сега и актуелниот …

Ракометарите на Алкалоид до прва историска куп титула Read More »

ЖРК Ѓорче Петров го освои пехарот во Купот на Македонија

Ракометарките на Ѓорче Петров го освои пехарот во Купот на Македонија во женска конкуренција откако во финалето славеше против ЖРК Чаир убедливо со 36:24 (19:14). Најефикасна кај победничките беше Анастасија Николовска со седум погодоци, а еден помалку забележа Емилијана Ризоска. На спротивната страна седум пати во листата на стрелците се запиша Бојана Диневска, По завршувањето …

ЖРК Ѓорче Петров го освои пехарот во Купот на Македонија Read More »

Митревски запиша 11 одбрани за важен триумф во португалскиот шампионат

Ракометарите на Порто дојдоа до нова победа сезонава во најсилното португалско првенство над Брага со 34:25. Значаен придонес во триумфот имаше македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски кој успеа да запише 11 одбрани. Ова се важни бодови за Порто одржувајќи ги шансите во трката за шампионскиот пехар во првенството. Кај стрелците во победничките редови по четири …

Митревски запиша 11 одбрани за важен триумф во португалскиот шампионат Read More »

Алкалоид го совлада Вардар и обезбеди пласман во куп финалето

Денеска во второто полуфинале од Купот на Македонија ракометарите на Алкалоид иако ја немаа фаворитската улога на крајот успеаја да триумфираа против една од екипите која беше меѓу главните кандидати за пехарот, Вардар 1961. Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров со конечен резултат 25:24. После првото полувреме Алкалоид имаше …

Алкалоид го совлада Вардар и обезбеди пласман во куп финалето Read More »

ЖРК Чаир и Ѓорче Петров ЖРК ќе играат за титулата во Купот

Познати се финалистите од женскиот ракометен Куп на Македонија кои ќе играат за трофејот, тие се ЖРК Чаир Скопје и Ѓорче Петров ЖРК. ЖРК Чаир Скопје денеска во полуфиналето во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да го совлада ЖРК Вардар со резултат 32:28. Тимот на Чаир за прв пат во својата клупска историја ќе игра во …

ЖРК Чаир и Ѓорче Петров ЖРК ќе играат за титулата во Купот Read More »

ВИДЕО: Зверев го освои мастерс турнирот во Рим

Германскиот тенисер Александар Зверев е победник на Мастерсот во Рим, Италија откако во финалето го совлада Чилеанецот Николас Јари со резултат 2:0 (6:4, 7:5) за еден час и 41 минута. Зверев во двата сета направи по еден брејк и со тоа стигна до победата и пехарот на последниот Мастерс на земја пред почетокот на Ролан …

ВИДЕО: Зверев го освои мастерс турнирот во Рим Read More »

Верстапен победник на трката за Големата награда на Емилија Ромања во Имола

Возачот на „Ред Бул“, Макс Верстапен, триумфираше на Големата награда на Емилија-Ромања во Имола, Италија, седмата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Холанѓанецот ја забележа третата победа на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола и воедно петта сезонава, за 59 триумф во кариерата. Најблиску до Верстапен беше Ландо Норис во „Мекларен“, кој се …

Верстапен победник на трката за Големата награда на Емилија Ромања во Имола Read More »

Ѓорческа ќе има противничка од Франција на стартот од квалификациите на „Ролан Гарос“

Како што веќе е најавено, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе учествува во квалификациите за настап на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ во Париз, Франција. Ѓорческа ја дозна противничката на стартот од квалификациите, Марго Рувруа која моментно е на 277 место на ВТА листата. Овој меч е закажан за 21 мај (вторник) со почеток од …

Ѓорческа ќе има противничка од Франција на стартот од квалификациите на „Ролан Гарос“ Read More »

Првиот светски рекет Ѓоковиќ во Женева ја крева формата за „Ролан Гарос“

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го игра турнирот од АТП серијата 250 во Женева, кој започнува денеска и ќе трае до 25 мај. Ѓоковиќ е слободен во првото коло, а во второто би можел да се сретне со Енди Мареј. Српскиот ас ја прифати специјалната покана од организаторите на турнирот во Женева со цел …

Првиот светски рекет Ѓоковиќ во Женева ја крева формата за „Ролан Гарос“ Read More »

Габриела Коскоска и Тони Лазов од Алкалоид се новите македонски шампиони во шах

Габриела Коскоска и Тони Лазов, членовите на клубот Алкалоид се новите македонски шаховски шампиони. Коскоска по неколку години пауза се врати во настапите во поединечка конкуренција откако во последните неколку години беше дел само од екипните првенства. Женскиот интернационален мајстор Коскоска во девет партии успеа да запише осум бодови, со учинок од седум победи, а …

Габриела Коскоска и Тони Лазов од Алкалоид се новите македонски шампиони во шах Read More »