ВИДЕО | Пулишиќ херој на Милан, „минималец’ на „росонерите“ против Сасуоло

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Mилан на домашен терен славеше победа против незгодниот Сасуоло со 1:0 и така „росонерите“ со победничка атмосфера заминуваат на божиќните празници.

Денес Милан со 1:0 го совлада Сасуоло, а херојот беше Кристијан Пулишиќ кој го постигна единствениот гол на натпреварот. Пулишиќ мрежата на Сасуоло ја погоди во 59-тата минута.

За Пулишиќ ова беше шести гол сезонава во Серија и вкупно единаести ако се земат предвид и асистенциите.

Во истиот термин победа запиша и Салернитана против Верона.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот