Царовска: Со преквалификација и доквалификација до нови можности за вработување

Мила Царовска
Мила Царовска / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Преквалификацијата и доквалификацијата овозможуваат брзо стекнување на вештини и знаења, а со тоа и оспособување за занимања за кои пазарот на труд има потреба. Во услови на интензивни општествени промени, овие форми на учење се клучни за зголемување на можностите за вработување и директно влијаат врз економскиот раст, потенцијалот и конкурентноста на локалните економии, рече министерката за образование и наука Мила Царовска на настанот по повод отворањето на првиот ваков центар во Скопје..

Црвениот крст на Република Северна Македонија преку Центарот за обуки на возрасни со преквалификација и доквалификација со верификувани програми ќе придонесе за обезбедување на дефицитарен кадар, како што се негователи во домашни услови, негователи за палијативна нега и за алцхајмерова болест како и персонални асистенти, рече Царовска.

Ме радува, нагласи таа, што имаме тренинг едукативен центар за возрасни опремен според сите светски стандарди, кој ќе биде пример во регионот.

Преку верификувани обуки, овој Едукативен центар ќе обезбедува квалитетен кадар за поддршка за локалните заедници и на граѓаните на кои им е потребна нега, рече министерката Царовска, додавајќи дека мрежата на тренинг-центри треба да се прошири во другите општини низ државата, за да им се овозможи на граѓаните полесен пристап до обуките.

Таа информираше и за измените и дополнувањата на Законот за образование на возрасните кој е во собраниска процедура и со кој се прават суштински промени во организирањето и управувањето на системот на образование на возрасните.

Ги повикувам пратениците да ја изгласаат законската регулативата со која се поедноставувуваат процесите за верификација на програмите за обука, со што ја олеснуваме работата на Центрите за обука на возрасни, укажа министерката.

Новата регулатива ќе го олесни процесот на верификацијата на посебните програми и на институциите за образование на возрасни, што целосно преминуваат во надлежност на Центарот за образование на возрасни, а самата постапка за верификација се забрзува и ќе трае најмногу 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот