Бугарскиот патријарх Неофит во болница: Имал несреќа и ја скршил бутната коска

Бугарскиот патријарх и митрополит софиски Неофит е итно задржан по инцидентот што му се случил вчера во болницата „Софијамед”, јави дописникот на МИА од Софија.

Од прегледите е констатирана скршеница на горниот дел од левата бутна коска.

Поглаварот на Бугарската православна црква е сместен на Клиниката за ортопедија и трауматологија на здравствената установа, каде што ќе му биде извршена дополнителна интервенција.

Бугарскиот патријарх е во стабилна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот