Бугарите мора да знаат од каде потекнува медот кој го јадат

Фото: Flickr

На етикетата на медот мора да се наведе земјата или земјите на потекло каде што е собран производот. Ова е запишано во уредба што ја усвои бугарскиот Советот на министри. Со неа се регулира условите за мед наменет за исхрана на луѓето, со цел заштита на здравјето и правата на потрошувачите, олеснување на слободното движење на медот и пристап до производи со висок квалитет. Регулативата ги дефинира барањата за составот, карактеристиките, имињата на медот и етикетирањето на производите.

Кога медот се става во промет или се става во производи наменети за човечка исхрана, не е дозволено додавање на состојки на храна, адитиви за храна или додавање на нешто друго освен мед, пишува „24 Часа. Бг“.

Промените имаат за цел да ги ограничат прекршувањата и да ја зголемат ефективноста на спроведената контрола. Предвидено е уредбата да стапи во сила во рок од 14 дена од денот на објавувањето во „Државен весник“, бидејќи е потребен период за запознавање и прилагодување на деловните оператори и контролното тело на барањата на уредбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот