Бугарија нема да го номинира Орце Камчев за почесен конзул

Бугарија се премисли. Нема да го номинира бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“ и сведок во аферата со рекетот, за почесен конзул во Македонија.

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за Канал 5, вели дека ваквата одлука ја донеле по реакциите во македонската јавност и противењето на владата.

– Минатата година Камчев беше номиниран за бугарски почесен конзул, со аргумент дека тој е човек кој економски е многу влијателен, има свој авторитет во Македонија. Но кога македонските власти не ја поддржаа таа идеја, како што гледате Бугарија не го отвори тоа прашање, бидејќи како што гледате се работи за граѓанин на Р. Македонија. Инаку Бугарија го номинира, но кога Македонија кажа дека тој не е прифатлив за нас, нема проблем, се поистоветуваме со вашето мислење на крајот на краиштата, изјави Каракачанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот