Бугарија го слави Денот на храброста и празникот на својата војска

epa08404872 Bulgarian army Special Forces drills on a training ground near the village of Trancha, Bulgaria 06 May 2020. Saint George's Day in Bulgaria is celebrated also as Day of valour and Day of the Bulgarian Armed Forces. EPA-EFE/VASSIL DONEV

По повод Денот на храброста во Софија има свечена церемонија, на која учествува и претседателот и врховен командант на вооружените сили на Бугарија Румен Радев, јави дописникот на МИА од Софија.

Демонстрациите на воздухопловните способности на небото над Софија започнаа со лет на хеликоптер „Кугар” со бугарско национално знаме. Вештини на војници и презентација на воена опрема ќе бидат достапни денеска во Казанлак, Варна и во центарот за обука во Цринча.

Оваа година, денешната церемонија ќе биде пред Споменикот на непознатиот војник во Софија, со што ќе се комбинираат двете свечености – осветувањето на борбените знамиња и армијата и свечената поворка.

Во Варна, војниците од морнарицата ќе покажат елементи на операција за заштита на поморската безбедност, а во Центарот за обука во Цринча, силите за специјални операции ќе демонстрираат способности при спроведување на специјални разузнавачки информации и акции за неутрализирање на терористите.

Во честитка на Фејсбук, бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов и го честита празникот на бугарската армија и истакна дека треба да продолжи модернизацијата и подобрувањето на условите за работа во армијата.

– На 6 мај го славиме и Денот на храброста, но храброста мора да има конструктивна цел, бидејќи битките мора да бидат добра кауза, напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот