Бугарија го намалува ДДВ на храната во рестораните од 20 на девет отсто

Пониските даноци ќе останат во сила до крајот на 2021 година.

Бугарија одлучи да воведе пониски даноци како мерка за поддршка и закрепнување на угостителскиот сектор што е тешко погоден од пандемијата.

Бугарскиот Парламент го прифати владиниот предлог за намалување на стапката на данок на додадена вредност на храната во рестораните и угостителските услуги, од 20 отсто на девет проценти, почнувајќи од јули.

Пониските даноци ќе останат во сила до крајот на 2021 година, како привремена мерка насочена за поддршка на закрепнување на секторот, што тешко е погоден од пандемијата со новиот коронавирус.

Намалувањето на ДДВ нема да се однесува на алкохолни пијалоци во рестораните и кетеринг услугите, на кои ќе се плаќа ДДВ од 20 проценти.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изнесе план за намалување на даноците минатиот месец и покрај противењето на министерот за финансии. Тој, исто така, се најде на мета на критики од економистите, кои тврдат дека тоа ќе поттикне многу други сектори да бараат намалување на даноците.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот