Буфон на 45 години добил понуда вредна 15 милиони евра

Фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Сегашниот голман на Парма, легендарниот Џанлуиџи Буфон добил понуда од 15 милиони евра за едногодишен договор од клуб од Саудиска Арабија.

Италијанските медиуми објавија дека Буфон во наредните неколку денови би требало да донесе одлука за иднината на кариерата. Во текот на вчерашниот ден познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио објави дека Буфон размислува за крај на кариерата.

Меѓутоа, ако информациите од Саудиска Арабија се точни, 45-годишниот голман би можел да се одлучи една сезона да помине во Саудиска Арабија каде што веќе заминаа играчи како Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Нголо Канте…

Во последната сезона Буфон бранеше на 19 натпревари за Парма и прими 24 гола и не успеа со овој клуб да се врати во Серија А откако беа поразени во плеј-офот од Каљари.

Буфон кариерата ја започна токму во Парма, а потоа од 2001 до 2018 година беше дел од Јувентус каде што се врати по една сезона помината во ПСЖ. Голот на италијанската репрезентација го чуваше на 176 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот