Буенос Аирес поради рекордните горештини остана без струја

Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, денеска имаше голем прекин на електричната енергија, по што илјадници домови останаа без струја, во услови на силен топлотен бран во кој температурите се искачија над 40 степени Целзиусови.

Дистрибутерите на електрична енергија „Еденор“ и „Едесур“ пријавиле прекини во електричната енергија бидејќи граѓаните ја зголемиле употребата на опрема за ладење во своите домови и компании поради високите температури, јавува Ројтерс.

Проблем и со водоснабдувањето

Националната регулаторна управа за електрична енергија (ENRE) соопшти дека 700.000 корисници на Edenor и 43.400 Edesur останале без електрична енергија во Буенос Аирес.

AySA, која обезбедува вода за пиење во Буенос Аирес, побара од населението да ја оптимизира употребата на водата бидејќи прекинот на електричната енергија влијаеше и на неговиот систем за третман.

Експертите предвидуваат дека во останатиот дел од неделата во Буенос Аирес ќе има високи температури кои ќе достигнат до 40 Целзиусови степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот