Бучковски открива: На крајот на 2020 година бевме многу блиску до решение со Бугарија

Фото: принсткрин

Професорот Владо Бучковски, кој пред еден месец беше разрешен од функцијата специјален владин претставник во разговорите со Бугарија, се обиде да објасни причината зошто повеќе не ја извршува таа функција.

„Кога видов дека ни се раздвојуваат размислувањата, сфатив дека нема што многу да помогнам во таквата состојба. Но, јас ќе работам на каузата. Ќе се трудиме да дојде до зближување на двата народи и надминување на сите проблеми кои настанаа од бугарската блокада“, рече Бучковски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

Тој рече дека сме биле „блиску до решение“ со источниот сосед кон крајот на 2020 година.

-Тоа беше пред Новата година 2021. Бевме блиску до ставовите со либералниот дел од бугарската влада и тогаш беше планот 5+1. Енигма остана зошто спласна ентузијазмот од наша страна пред изборите кај нас, рече Бучковски.

Тој додава дека повеќе не е вклучен во процесот на дијалог, но ќе се обиде да испрати порака, доколку е потребно.

-Јас со неколку невладини организации по потпишувањето на Договорот за добрососедство сакав да ги приближам двете општества, знаејќи дека ќе дојде до проблеми. Беше само прашање на време кога ќе дојдеше до проблеми во имплементирање на Договорот, рече Бучковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот