Брз и лесен колач со чоко-лешник крем и кокос (РЕЦЕПТ)

чоко-лешник крем торта
Фото Профимедиа

Ако сакате комбинација на кокос и вкус на чоко-лешник крем (нутела), тогаш оваа торта е идеална за вашиот десерт.

Се прави лесно и брзо, а вкусот е прекрасен. Овој колач ќе ве воодушеви.

Потребни состојки:

Мерете со истата шолја од 200 милилитри

600 мл јогурт
Две шолји шеќер
Една шолја масло
Една шолја кокосово брашно
Две шолји брашно
Три лажички какао
Две лажички сода бикарбона

500 мл слатка павлака за шлаг
9 лажици чоко-лешник крем (нутела)

Подготовка:

Изматете ги јогуртот и шеќерот, па додадете го маслото, кокосовото брашно, па брашното помешано со какаото и содата. Сето ова добро измешајте го, па ставете го во подмачкан плех (25х35) со путер и посипан со брашно. Печете 25 минути во загреана рерна на 180 степени Целзиусови.

Испечениот бисквит премачкајте го со убав слој крем. Изматете го шлагот, додадете 5 лажици крем, па продолжете да матите со миксер. Премачкајте врз бисквитот.

Оставете да се излади и стегне, па исечете на парчиња.

Ако сепак повеќе го сакате овошниот вкус, тогаш овој рецепт за мафини со јагоди е идеален за вас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот