Брус Вилис повторно ќе снима и покрај болеста, само на Тарантино му успеа да го врати на филм

Брус Вилис/Квентин Тарантино/Фото: Профимедиа/EPA-EFE/NEIL HALL

Една од најголемите холивудски ѕвезди, Брус Вилис, се повлече од светот на филмот пред речиси една година кога му беше дијагностицирана афазија, а потоа и деменција. Сепак, обожавателите ширум светот беа воодушевени од веста дека тој би можел да се врати на големото платно.

брус вилис
Брус Вилис виден на утринска прошетка во Санта Моника, Калифорнија / Фото: London Entertainment / SplashNews.com / Profimedia

Познатиот режисер Квентин Тарантино наводно сака да му додели улога на Брус Вилис во своето ново остварување. Како што пренесуваат странските медиуми, Тарантино веќе наголемо работи на подготовките за новиот филм „The Movie Critic“, а Брус во ова остварување ќе има помала улога.

Иако Тарантино, наводно, сè уште не се обратил до семејството на актерот, тој планира да ја почитува нивната одлука доколку кажат дека Вилис е премногу лошо за да глуми во филмот. Во тој случај, во филмот ќе вметнат снимки од некои претходни остварувања на Вилис.

Да потсетиме, по дијагнозата на болеста, состојбата на Вилис со текот на времето се влошувала, а најголема поддршка му е семејството, како и поранешната сопруга Деми Мур.

Фото: Профимедиа

Неодамна се огласи и неговата поранешна партнерка Марија Браво која откри дека на познатиот актер му е сѐ полошо.

– Тој е сѐ полошо и полошо. Не е добро. Зборував со неговата сопруга Ема и, за жал, тоа е прогресивна болест. Му испраќам многу позитивна енергија и љубов – изјавила неодамна Марија.

Како што неодамна откри извор близок до семејството, Брус полесно го препознава гласот на својата поранешна сопруга Деми Мур отколку гласовите на другите, па таа секојдневно разговара со него за да спречи понатамошен развој на болеста.

„Деми е во постојан контакт со Брус и Ема. Ја користи секоја слободна прилика да помине време со него. Ако не е со него, му се јавува за Брус да ѝ го слушне гласот. Тој не може многу да зборува и се чини дека малку разбира за тоа што му го зборуваат“, рекол неодамна извор за „Радар онлајн“, додавајќи дека семејството многу тешко ја поднесува веста за неговата дијагноза, а дали тој ќе се согласи да се појави во новиот филм на Тарантино, сѐ уште не е потврдено.

„Засекогаш сум ти благодарна“: Поранешната и сегашната сопруга му го честитаа Денот на таткото на Брус Вилис

ФОТО | Брус Вилис стана дедо, најстарата ќерка Румер роди ќерка

„Режисерите губат контакт со својата публика како што стареат“: Тарантино го најави својот последен филм

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот