Британска тинејџерка силувана во хотел на Мајорка

Полицијата трага по мажот кој ја силувал британската тинејџерка во сауна во хотел во Мајорка. 15-годишната туристка, која била на одмор со нејзиното семејство, била сама околу 16 часот попладне во понеделникот, кога напаѓачот влегол во сауната и ја присилил на сексуални односи, пишува Дејли мејл.

Извори велат дека инцидентот се случил во хотелот со 4 ѕвезди „Best Delta Hotel“, кој е сместен во мирно соседство на 20 минути од главниот град на Мајорка, Палма.

Полицијата ја разработува теоријата дека напаѓачот го набљудувал девојчето и чекал да биде само пред да го нападне.

Девојчето го алармирало хотелот веднаш по сексуалниот напад и била однесена во болницата „Son Llatzer Hospital“. Персоналот од хотелот одбивал да коментира за случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот