Британија сака да ги регулира криптовалутите, ќе се оданочуваат како игри на среќа

Криптовалути

Велика Британија им се приклучува на иницијативите за контрола на пазарот на криптовалути. Комитетот за финансии на Долниот дом на британскиот парламент објави извештај во кој на владата и се препорачува да го регулира и означи тргувањето со криптовалути како игра на среќа.

Доколку предлогот биде прифатен, властите ќе можат да ги оданочат сите трансакции направени во согласност со Законот за коцкање. Се разбира, сè ќе помине под образложение дека станува збор за борба против перење пари и финансирање на тероризмот, а членови на парламентот дури тврдат дека иновациите „ќе го поттикнат развојот на индустријата“.

Но, претставниците на самата индустрија имаат поинакво мислење. Британската асоцијација за тргување со криптовалути „CryptoUK“ внимателно забележува дека извештајот е целосно во спротивност со минатогодишната понуда на Министерството за финансии да ја трансформира Велика Британија во „Светски технолошки центар за крипто средства“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот