Британија размислува да испрати воени бродови во Југоисточна Европа

британски борбен брод EPA-EFE/VICKIE FLORES

Британската влада ја разгледува можноста да испрати воени бродови во Југоисточна Европа, со цел да ги заштити своите сојузници, изјави британскиот премиер Борис Џонсон пренесува „Тајмс“.

авиони тајфун EPA/VALDA KALNINA

 

Според него, Британија се подготвува да го зајакне мултинационалниот баталјон на НАТО стациониран во Естонија. Џонсон напиша дека Британија исто така ќе го зголеми својот придонес во Здружените експедициски сили – здружение предводено од Лондон, кое вклучува сили од 10 земји од Скандинавија и северна Европа.

авион тајфун EPA/ERWIN SCHERIAU AUSTRIA OUT

Лондон сака да испрати „тајфун“ борбени авиони на Кралското воздухопловство и бродови на Кралската морнарица, со цел да ја заштити Југоисточна Европа наведува Тајмс

британски борбен брод EPA-EFE/VICKIE FLORES

британски борбен брод EPA-EFE/VICKIE FLORES

Џонсон, сепак, изрази уверување дека кризата во Украина може да се реши со дипломатски средства.

Британскиот премиер рече и дека санкциите и другите мерки ќе бидат подготвени во случај на руски напад врз Украина, а неговата влада ќе побара од парламентот санкции за руски поединци и компании.

„Британските санкции и другите мерки ќе бидат подготвени во случај на каков било руски напад“, напиша тој во текстот кој го објави „Тајмс“

„Владата ќе бара нови овластувања од парламентот за санкционирање на поширок опсег на руски поединци и ентитети, вклучително и секоја компанија поврзана со руската држава или која работи во сектор од стратешко значење за Кремљ“, наведува Џонсон во написот објавен од „Тајмс“.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека гасоводот „Северен тек 2“ ќе биде стопиран доколку Русија ја нападне Украина. Шолц рече дека двајцата имаат унифициран пристап кон Украина, Русија и санкциите, но директно не ги потврди плановите за „Северен тек 2“.

Западот ја обвинува Русија дека подготвува, како што тврди, „инвазија“ на Украина и ѝ се заканува на Москва со воведување остри санкции во случај на напад ,што Русија ги отфрла тие тврдења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот