Британците тврдат дека Русија може да ги заостри патните ограничувања за владините службеници

Мобилизација Русија/ Фото EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Руската влада најверојатно ќе воведе се построги ограничувања за патување на руските службеници, објави денеска британското Министерство за одбрана во својот извештај за ситуацијата во Украина. Постои реална можност „да се заострат патните ограничувања за зголемен број вработени во јавниот сектор“, најавуваат оттаму.

„Мерките најверојатно се дизајнирани да го спречат бегството или пребегнувањето на сè понезадоволни службеници“, се додава.

Ограничувањата за патување за владините службеници, пишуваат аналитичарите, веќе биле во сила за време на советската ера и биле заострени по анексијата на украинскиот полуостров Крим во 2014 година.

Мерките беа продолжени по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. „Некои функционери можеби мораа да ги предадат своите пасоши на Федералната служба за безбедност“, се вели во извештајот. На оние во внатрешниот круг на Кремљ им е „забрането секое меѓународно слободно патување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот