Бремената Кетрин Шварценегер за прв пат забележана во јавноста после успешното „криење“ од папараците! (ФОТО)

Instagram

После криењето во широка облека, младата наследничка на славниот бодибилдер овој пат излезе во нешто посоодветно. Кетрин Шварценегер беше забележана како со своето милениче оди на прошетка во спортска опрема каде доаѓа до израз нејзиниот стомак. Младата авторка е во брак со актерот Крис Прат со кого го очекува своето прво дете.

Ќерката на познатиот Арнолд Шварценегер за прв пат го покажа својот труднички стомак, а последните неколку недели успешно го криеше од папараците кои нетрпеливо го следеа секој нејзин чекор. Ова е второ дете за Прат, кој од бракот со актерката Ана Ферис го има синот Џек. На приновата се радува целото семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот