Браковите склопени во 2020 ќе траат ЗАСЕКОГАШ: А еве кој ДАТУМ е особено добар за одење пред матичар!

Оние кои во брачните води ќе запловат на овој датум среќата ќе ве следи во текот на целиот живот.

Керолајн Фаулкнер, најпознатиот астролог во Британија, вели дека ѕвездите најавуваат дека 2020 година ќе биде најдобра за оние кои ќе се одлучат да застанат на лудиот камен.

Наредната година Сатурн, Јупитер, Плутон, Марс и Месечината, клучни планети кои се симбол на верност и емоционална стабилност ќе бидат во ист знак.

Ова не се случило уште од 1960 година, период познат и како период на љубовта.

Идеален ден за венчавка ќе биде 20.02.2020 година.

Во нумерологијата бројот два означува моќна и силна жена која има уникатна одлучност и сила.

Во астрологијата бројот два ја означува куќата на бикот, знак од зодијакот со кој владее планетата Венера, наречен по божицата на љубовта и убавината претставувајќи трпеливост, истрајност и верност да се зачува односот и внимателно да се работи на изградбата на брачна заедница која ќе трае, вели Керолајн и додава дека целата 2020 година ќе биде особено погоден период за влез во врската која ќе трае засекогаш.

Оваа година ќе биде година на напредок во сите аспекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот