Босанец тепал Швеѓанка во Скопје

Јавното обвинителство поднесе обвинение за државјанина на Босна и Херцеговина. Тој е обвинет за грабнување и за кривично дело телесна повреда.

Во обвинителниот акт пишува дека државјанин на Босна и Херцеговина двете кривични дела ги сторил , при семејно насилство кога ја повредил и ја држел затворена неговата девојка, државјанка на Шведска.

Полицијата открила дека обвинетиот и жртвата на почетокот на овој месец дошле во земјава. Во Скопје изнајмиле стан под кирија во кој обвинетиот, вечерта на 23 мај во 23 часот, ја заклучил девојката, по што го фрлил клучот, па и ги зел мобилните телефони за да не може да бара помош и ја тепал девојката цела ноќ.

Од ОЈО известија дека до Кривичниот суд е доставе предлог за продолжување на мерката притвор, кој  на странецот му е одредена на 25 овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот