Борисов смета дека ако се договорат за програмата, нема да има значење во кој мандат ќе се случи

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов/Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL

Ако се договориме за програмата, нема да има значење во кој мандат ќе се случи, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во врска со можностите за формирање на редовна влада на Бугарија.

Борисов рече дека денеска ќе се разговара по сектори во рамките на програмата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП – ДБ) за да се види колку е таа реална, дали е преценета, дали се финансира. Според Борисов, програмата на ГЕРБ-СДС е многукратно подобра, поконкретна, подетална, со сите сектори во неа.

Тој нагласи дека се обидел да се огради од разните „коментатори“, но додаде дека „не е фер кон гласачите“ на неговата партија. Борисов потенцираше и дека ГЕРБ-СДС не поставувала ултиматуми до ПП-ДБ. За да зборуваш за втор мандат и да кажеш дека дотогаш нема да покажете влада е некако нелогично, смета тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот