Борис Џонсон прими прва доза вакцина на АстраЗенека

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

 Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа ја прими првата доза на вакцина против Ковид-19 на АстраЗенека и ги повика луѓето да го следат неговиот пример.

Педесет и шестгодишниот Џонсон беше вакциниран во истата болница каде минатата година беше на одделот за интензивна нега откако беше заразен со коронавирусот.

– Буквално не почувствував ништо. Беше многу добро, многу брзо, рече Џонсон по инјекцијата во лондонската болница Сент Томас.

– Кога секој од вас ќе биде известен да оди да се вакцинира, ве молам, одете и направете го тоа. Ова е најдоброто нешто за вас, најдоброто нешто за вашето семејство и сите други, рече тој.

Борис Џонсон беше вакциниран на денот кога европските земји ја продолжија употребата на вакцината АстраЗенека, откако регулаторот на лекови за ЕУ ​​објави дека придобивките од вакцината ги надминуваат сите ризици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот