Борис Џонсон претстави план за ублажување на мерките

epa08983958 British Prime Minister Boris Johnson departs 10 Downing Street for Prime Minister Questions at parliament in London, Britain, 03 February 2021. Johnson faces the MPs' weekly question time in the House of Commons. EPA-EFE/ANDY RAIN

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска претстави план со кој ќе се стави крај на карантинот во Англија, нудејќи „претпазлив” пристап за да не се вратат сите рестриктивни мерки што ја потресоа економијата.

Меѓу мерките што ќе бидат предложени е и отворање на училиштата почнувајќи од 8 март и тоа во четири фази, но така што тие нема да почнат со работа пред 21 јуни.

– Заканата сè уште е присутна, но можеме да преземеме чекори поради успехот на нашето здравство кое вакцинираше повеќе од 17,5 милиони луѓе низ Велика Британија, рече Џонсон.

Што се однесува до Шкотска, Велс и Северна Ирска, кои се дел од Велика Британија, останува на локалните власти да утврдат како и кога да ги ублажат ограничувачките мерки.

Британците кои можат да работат од дома ќе останат во своите домови додека владата не ги утврди правилата за физичко растојание и употреба на маски на работа, додаде Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот