Борел ги повика Вучиќ и Курти на итен состанок на 22 јуни

Фото ЕПА

Шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел ги покани српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на итен, кризен состанок во четврток, 22 јуни.

Курти ова го потврди за приштинските медиуми, наведувајќи дека Брисел се предомислил за датумот.

„Побарав итен состанок истата недела и предложив план од пет точки. Но дојде поканата дека средбата ќе се одржи следната недела, прво рекоа 22 јуни, па рекоа 23, па пак 22. Ќе разговарам со мојот тим и ќе им одговориме на почетокот на неделата“, рече Курти.

Тој потоа објасни дека шефот на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Јетиш Јашари, отишол во Краљево да ги посети уапсените косовски полицајци и дека ќе донесе одлука за патувањето дури кога ќе слушне од него како се однесувале со нив откако биле приведени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот