Болсонаро наскоро ќе се врати во Бразил

Болсонаро во болница/ Фото Твитер

Поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, кој од крајот на декември е во САД, изјави дека наскоро планира да се врати во Бразил.

Болсонаро ја напушти болницата во сојузната американска држава Флорида каде беше примен ден претходно, и покрај препораките на лекарите кои го советувале да остане во клиниката барем уште неколку дена, објави бразилската телевизија „Глобо”.

„Пристигнав во САД и требаше да останам овде до крајот на јануари, но планирам да се вратам порано. Бидејќи лекарите во Бразил подобро го знаат мојот проблем со интестинална опструкција предизвикана од раната со нож (здобиена при средба со гласачите во септември 2018)”, изјави Болсонаро за „Си-Ен-Ен Бразил”.

Болсонаро истакна дека ова е третпат да биде хоспитализиран поради таков проблем.

„Стигнав овде за да поминам малку време со моето семејство. Но, немав мирни денови. Прво овие немили настани (немири во градот Бразилија), потоа мојата хоспитализација”, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот