Богоев оди на друга функција, Душко Весковски е адутот на СДСМ во Карпош

Душко Весковски, Стефан Богоев / Фото: Слободен печат

Актуелниот Градоначалник на Карпош Стефан Богоев нема да биде кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ на локалните октомвриски извори, соопшти генералниот секретар и шеф на изборниот штаб на СДСМ, Лупчо Николовски, пренесува “Слободен печат”.

Душко Весковски актуелниот директор на ЈП Водовод Скопје ќе биде кандидат за градоначалник на општина Карпош од СДСМ. Стефан Богоев ќе се вгради во одговорнностите што ги има Владата. Владата се и министрите, и клучните институции кои се во рамки на владата, органи на државната управа, аганции итн., тоа ќе му го оставиме на претседателот да го соопшти. Мотивацијата и интенцијата на Стефан Богоев беше таква, и партијата тоа ќе го овозможи. Во Карпош и со Стефан Богоев, и со Душко Весковски, и со Мери Ѓорѓевска не може да ни се спротивстави никој друг. Разликата е 12 проценти во корист на СДСМ – истакна Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот