Бобан Илиоски се закити со бронза на Европското мај тај првенство во Анталија

фото: instagram.com/urkourko

Денеска во полуфиналето од Европското првенство во мај тај што се одржува во Анталија, Турција, македонскиот натпреварувач Бобан Илиоски загуби од Јахија Ибрагимов (АИН) со 29:28.

На крајот Илиоски го освои бронзениот медал во категоријата до 86 килограми, потсетување на стартот со 29:28 го совлада Турчинот Фарук Каја.

Во големото финале кое ќе се одржи на 14 декември Ибрагимов ќе се бори против Андреас Лилиекрона од Шведска.

Потсетување дека неодамна Илиоски беше светски шампион во кик бокс во дисциплината лоу кик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот