Бобан Илиоски полуфиналист на Европското првенство во мај тај во Анталија

фото: instagram.com/urkourko

Бобан Илиоски обезбеди полуфинале на Европското првенство во мај тај што се одржува во Анталија, Турција.

Македонскиот натпреварувач во четвртфиналната фаза во категоријата до 86 килограми со резултат 29:28 го совлада Турчинот Омер Фарук Каја.

Следен противник во полуфиналето на Илиоски е Јахиа Ибрагимов („АИН“, индивидуални неутрални спортисти) кој претходно со 29:29 го елиминираше Рафал Радош од Полска.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Андреас Лилекрона (Шведска) и Вито Кошар (Хрватска).

Минатиот месец Илиоски оствари голем успех откако се закити со титулата светски шампион во кик-бокс во Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот