Блокирана одлуката на Бајден за рестрикции за азил

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Федерален судија од Калифорнија денеска пресуди против неодамнешна одлука на претседателот Џо Бајден за рестрикции за доделување азил на јужната граница меѓу САД и Мексико.

Одлуката е дел од напорите на администрацијата да се обесхрабри имиграцијата од Јужна Америка, што во изминатиот период е рекордно зголемена со илјадници мигранти дневно кои пристигаат на границата со надеж да влезат во САД.

Во пресудата се вели дека политиката што делумно е одговорна за остро намалување на преминувањата на мигрантите ги нарушува правните обврски на земјата кон оние кои бегаат од насилство.

Според судијата Џон Тајгер од Оукленд одлуката на Бајден го нарушува законот за азил на САД според кој мигрантите што се нашле на американска почва можат да бараат хуманитарна помош, а како начин за пресекување на владините обиди за нивна депортација, без разлика како влегле во земјата.

Тајгер блокираше сличен порестриктивен обид на администрацијата на експретседателот ДоналдТрамп за забрана на пријави за азил на јужната граница.

Судијата сепак изрече одложена одлука во траење од две недели со можност Министерството за правда да побара апелација од повисока инстанца. Се претпоставува дека случајот најверојатно ќе се решава од страна на Врховниот суд на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот