„Бличер“ си најде занимација, Ѓоковиќ елиминиран од Лео Меси! (ФОТО)

твитер

Новак Ѓоковиќ, не се пласираше во полуфиналето на турнирот на најдобрите спортски на светот, кој го прави американскиот „Бличер рипорт“.

Во период кога многу спортски натпреварувања ширум Европа и светот се одложуваат поради коронавирусот, „Бличер рипорт“ се обидува на еден интересен начин да го привлече вниманието.

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, не се пласираше во полуфиналето на турнирот на најдобрите спортски на светот, кој го прави американскиот „Бличер рипорт“.

фото: Твитер/Bleacher report

Во четвртфиналето беше елиминиран од најдобриот фудбалер на светот кој воедно ги брани боите на Барселона, Лионел Меси.

Во претходните рунди, Ѓоковиќ успеа да ги исфрли младиот фудбалски суперталент на ПСЖ, Килијан Мбапе и МВП од американската НФЛ лига, Ламар Џексон од редовите на Балтимор Рејвенс.

Во полуфиналето Меси за ривал го има НБА кошаркарот Јанис Адетокумбо, додека португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо се соочува со Леброн Џејмс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот