Благодарница за 99-годишниот Ристо Димовски, единствениот жив партизан во Кочанско

Единствениот жив партизан, кој учествувал во борбите за ослободување на Кочани од фашистичјкиот окупатор, 99-годишниот Ристо Димовски дочека уште едно празнување на Денот на ослободувањето.

Чествувајќи ја 76-годишнината од ослободувањето на градот, Општина Кочани му врачи посебна благодарница и му оддаде посебна почит за неговиот придонес во Народноослободителната војна.

Димовски е роден 1921 година, во селото Могилец, Демирхисарско, а во Кочани живее од 1947 година. Во Народноослободителната војска се вклучил во почетокот на 1944 година.

Учествувал во ослободувањето на повеќе населени места во државава. За своето учество во НОБ и неговиот придонес за развојот на државата бил одликуван со Орден заслуги за народот со сребрен венец, Златна плакета и орден за храброст како и Орден на трудот со златен венец.

Предлогот за Ристо Димовски да го добие општинското признание е пристигнат од Сојузот на борци од НОВ од Кочани, со цел да ги освежат сеќавањата за патот до слободата во 1944 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот