Фото:.EPA/JUSTIN LANE

Бизарно: Челси го победи ПСЖ во финалето на Светското клупско првенство, а нема обезбедено место за следниот клупски Мундијал

Иако го победи ПСЖ со убедливи 3:0 во финалето на првиот турнир одигран според новиот формат, Челзи сепак засега нема обезбеден пласман на следното Светско клупско првенство, закажано за 2029 година.

Причината лежи во начинот на квалификација. ФИФА предвиде 32 учесници, кои се распределуваат по континенти, УЕФА добива 12 места, КОНМЕБОЛ шест, АФК, КАФ и КОНКАКАФ по четири, ОФК едно, а домаќинот автоматски обезбедува учество. Но, победникот на турнирот не добива гарантирано место, што значи дека Челзи ќе мора да се квалификува преку местата резервирани за УЕФА.

Сосема спротивна е ситуацијата со ПСЖ, кој и покрај поразот, има осигурано место, благодарение на својата титула од Лигата на шампионите, еден од четирите трофеи што носат директен билет за турнирот.

Преостанатите места УЕФА ќе ги додели според ранг-листата на најуспешни клубови во европските натпреварувања. Челзи во моментот се наоѓа на 14. позиција, што значи дека ќе мора или значително да напредува до 2029 годин кога ќе се одржува следниот турнир или да ја освои Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот