Бившата на Илон Маск: Сакам да отидам на Марс на 65 години и да умрам таму

Илон Маск и Грајмс на црвениот тепих на Мет гала во 2018 година / Фото: Profimedia

Канадската кантавторка Клер Елис Буше, попозната како Грајмс, ги раскажа своите планови за иднината.

Во разговор за американското списание „Вајрд“, поранешната партнерка на деловниот магнат и инженер Илон Маск ги сподели своите идеи за патување во вселената.

„Дефинитивно. Се надевам дека ќе умрам во вселената. Би сакала да одам доволно далеку, каде што моето тело нема да може да издржи да се врати. Но, можеби кога ќе бидам поблиску до крајот од мојот живот, некаде кон мојата 65-та година“, одговори таа на прашањето: „Дали би сакала да одиш во вселената?“.

Насловната страница на „Вајрд“ / Фото: Инстаграм/Грајмс

„Марс би бил одличен избор. Се надевам дека дотогаш таму ќе има мегаструктури, бидејќи би сакала да видам една во вселената. Би отишла таму и би живеела таму додека не умрам“, додаде таа.

Таа објасни дека само нејзините деца и идните внуци би можеле да ја оттргнат од нејзините планови ако „навистина им треба тука“, но и дека ќе зажали ако умре на Земјата: „Ако умрам во вселената, ќе си помислам: ‘Ти живееше одличен живот, направи сè што сакаше’“.

Фото: Инстаграм/Грајмс

Во оваа идеја би можел да ѝ помогне Илон Маск, чија компанија „Спејс Икс“ моментално работи на ракета вредна 3 милијарди долари, наменета за транспорт на тежок товар и луѓе на Месечината и Марс.

Исто така, пејачката веќе сериозно се подготвува за својот вонземски живот со, како што ја нарекува, „вонземската трансформација“. Таа веќе почнала да става огромни тетоважи на своето тело, кои, наводно, изгледаат како „прекрасни вонземјански лузни“, а размислувала и да си го покрие лицето со бело мастило и да направи „елфски“ уши.

Фото: Инстаграм/Грајмс

Илон Маск и Грајмс ја започнаа љубовната врска во мај 2018 година, а првото јавно појавување го имаа на црвениот тепих на Мет гала истиот месец.

По кратката разделба, двојката ја обнови врската и во јануари 2020 година тие објавија дека музичарката е бремена. За време на нивната врска тие добија две деца – синот „X Æ A-Xii“ во мај 2020 година и ќерката Екса Дарк Сидаераел во декември 2021.

Тие повторно раскинаа во септември 2021 година, но останаа во коректен и близок однос.

ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот